Спречен шверц на 31 мигрант на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

На автопатот Скопје – Куманово, поточно кај клучката Куманово, вчера околу 20:50 часот полициски службеници од Мобилна единица на граничната полиција од слобода го лишиле Х.К.(21) од с.Рашче, скопско, затоа што во товарното возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени 31 лице – мигранти.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрени работи, од пронајдените мигранти 21 биле државјани на Пакистан, четири државјани на Сирија и шест државјани на Авганистан.

Х.К. бил приведен во СВР Куманово за понатамошна  постапка, а мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце.

По целосно документирање на случајот, против Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply