Спречен обид за шверц на Непалци низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен жител на гевгелиско бил приведен вчера во Куманово при обид да шверцува мигранти од Непал.

Loading...

– На 01.01.2024 околу 17 часот на автопатот “Пријателство”, помеѓу Табановце и Куманово, полициски службеници од РЦГР Север-ПС за ГН Сопот го лишија од слобода И.Ѓ.(32) од гевгелиско, затоа што во патничко моторно воџило “пежо” превезувал три лица мигранти од Непал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски