Спречен обид за криумчарење на тројца Авганистанци

Сподели со своите пријатели

Петнаесетина минути по полноќ во текот на вчерашшниот ден полициски службеници од Неготино спречиле криумчарење на три лица од Авганиста, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На автопатот А1,поточно кај тунелите во Демир Капија, од страна на полициски службеници од Полициската станица за БПС-Неготино, на даден знак на засега непознато лице кое управувало товарно моторно возило – комби „Мерцедес“ со бугарска национална ознака да го сопре возилото, лицето продолжило со движење и на околу 500 метри го запрел возилото и се дал во бегство, а во возилото биле пронајдени три лица бегалци од Авганистан, пишува во билтенот на МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото.