Спортмедиа: Мандиќ e пред суспензија поради плукање противнички играч

Сподели со своите пријатели

Спортскиот портал Спортмедиа, повикувајќи се на неофицијални извори,  објави дека кумановскиот кошаркар Вукашин Мандиќ е пред суспензија поради плукање на Диме Тасовски,  противнички играч на на КК Струмица.

Loading...

Причина за една ваква евентуална одлука на комесарот за натпреварување, Тони Угринов, е непристојниот гест односно наводното плукање во правец на противнички играч на саботниот дуел против Струмица, кој кумановци го загубија. Мандиќ на овој меч беше исклучен на 18 секунди до крајот на продолжението поради две технички грешки, првата по дуел со Ефтим Богоев, а втората по вербална пресметка со Диме Тасовски. Откако следеше подолго убедување, српскиот интернационалец тргна да го напушти теренот во салата „Парк“, но на патот кон соблекувалните мина крај Тасовски, кого го плукна, барем такви се сите информации од Струмица и таков впечаток остава видео-снимката од овој натпревар, се вели во објавата на СПОРТМЕДИА.

Дали Мандиќ ќе биде суспендиран ќе се знае утре кога се очекува објавувањето на Билтенот на сениорските лиги.

Инаку, КК Куманово во недела се среќава со КК Работнички во Градски парк во Скопје во рамките на натпреварите во домашната лига.