Според статистиката ова е најбогатиот народ во светот

Сподели со своите пријатели

Според неодамнешниот извештај за глобално богатство објавен од Credit Suisse за 2022 година, најбогатите луѓе во светот се Австралијците.

Loading...

Британците и Американците се далеку зад нив.

Извештајот за богатството на населението опфаќа 5,3 милијарди луѓе ширум светот.

Според извештајот, Австралијците стануваат милионери бидејќи нивното богатство се зголемило во текот на 2021 година.

Австралија има дури 2,2 милиони милионери, а еден процент од најбогатите Австралијци поседуваат, според податоците за 2021 година, 21,8 отсто од богатството на земјата.

Главната причина за зголемувањето на богатството во Австралија се цените на имотот, кои се зголемија за 23,7 отсто, зголемувајќи го просечното богатство на возрасен Австралиец за 28.450 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

По Австралија, најбогати се жителите на Белгија, Нов Зеланд и Хонг Конг.

САД сè уште ги имаат најбогатите домаќинства во 2021 година.

Loading...