Според „Раша Тудеј“ ова се најпопуларните видеа за 2015 година (видео)

Сподели со своите пријатели

Меѓународната телевизија „Раша Тудеј“ со седиште во Русија, направи видео во кое има 10 најинтересни настани кои ја одбележаа 2015 година.

Во седумминутното видео прикажани се најпопуларните случувања и дешавања како што е воената парада на „Црвениот плоштад“ по повод 70 години од победата над нацизмот на која присуствуваа над 30 светски лидери.

Потоа во видеото се претставени војската на Путин, рускиот тигар кој се спријатели со дива коза, сурфери, парадата во Кина, како и многу други настани.