Според проценките Куманово има 109 илјади жители

Сподели со своите пријатели

Во недостиг на официјален попис, кој последен пат е спроведен во 2002 година, Државниот завод за статистика објави публикација за проценка на населението во Република Македонија. Според нивните податоци на крајот на минатата година во Општина Куманово биле регистрирани вкупно 109.066 жители, од кои 55.013 мажи и 54.053 жени.

Најголем број на жители се во старосната категорија од 30 до 34 години и тоа вкупно 8.567 лица, а најмалку оние над 85-годишна возраст, во чија категорија има 461 лице, каде жените доминираат и тоа скоро двојно над мажите, односно 278 жени се постари од 85 години.

Во Североисточниот регион, во кој спаѓаат општините: Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане заклучно минатата година биле проценети 176.204 жители, од кои 89.730 мажи, а 86.474 жени. Најбројна староста категорија била од 25 до 29 години, каде се запишани 13.834 жители.

Вкупниот број на жители во целата држава се проценува на 2.070.226 лица.