15.07.2015 10:42

Според потпишаниот Протокол – СДСМ на 1 септември се враќа во Собрание


Социјадемократскиот Сојуз ја објави интегралната содржина од Протоколот кон Договорот од 2 јуни 2015 година.

PROTOCOL to the Agreement 2 June 2015 01

loading...

Во договор на 2 јуни, член 6, прва алинеја, се вели:

“До 10 јуни, партиите да се договорат за точната организација на владата која ќе ги подготвува  изборите”. На 19 јуни, лидерите ја потврдија својата посветеност на гореспоменатиот договор во писмена форма и се согласија да ги продолжат разговорите.

Овој Протокол ја комплетира првата алинеја од членот 6. Тој треба да претставува составен дел на Договорот од 2 јуни.

Долупотпишаните партии постигнаа согласност за следново:

1. На 1 Септември 2015, СДСМ ќе се врати во парламентот, како што е утврдено во втората алинеја на член 6 од Договорот од 2 јуни.

2. На 20 октомври 2015 година, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ и во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички поставен.

3. На 20 октомври 2015 година, ќе биде назначен нов министер за труд и социјална политика, по предлог на СДСМ.

4. На 20 октомври 2015 година, нови, дополнителни замениците-министри ќе бидат назначени за следните министерства:

loading...

a. Министерството за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

б. Министерството за труд и социјална политика по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

в. Министерството за финансии на предлог од СДСМ

г. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ

д. Министерството за информатичко општество и администрација по предлог на СДСМ

Овие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во нивните министерства во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите. Сите горенаведени нови министри и заменици- министри ќе останат на своите позиции во новата влада.

5. Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до Собранието во догледно време да овозможи, новата влада да биде инаугурирана на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април 2016 година.На чело на новата влада ќе биде новиот премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Новата влада ќе има мандат до  предвремените парламентарни избори.

6. Горенаведеното правило значи дека актуелната Влада ќе поднесе оставка на време,  и 100 дена пред следните избори ќе биде назначена новата влада, која ќе треба да ги спроведе потребните законски измени што е можно поскоро за следните избори.

7. Страните се обврзуваат кон овој Договор во целост и со добра волја. Партиите, исто така, се обврзуваат да се избегнат какви било нови пречки вклучително и во однос на одржувањето на изборите на 24 април 2016 година.

8. Третата алинеја од член 6 се завршува како што следи: по “итна акција”, и се додава следниов текст:

loading...

“До 15 септември 2015 година, ќе има нов, специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите. Специјалниот обвинител го именуваат долупотпишаните страни.”

Скопје, 15 Јули, 2015


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments