Според календарот на Македонската православна црква односно, Јулијанскиот календар денеска е 16-ти јануари, ден кога православните верници го чествуваат Свети апостол Петар.
На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои бил ставен во времето на Ирод и од кои бил ослободен на чудесен начин.
Христијаните ги чувале овие окови заради чудата што се случувале преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испратила во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го пратила во Рим на Евдоксија, жената на западниот римски цар Валентинијан Трети.
Евдоксија изградила црква и во неа ги положила оковите.