Списоци со кумановци во изолација беа објавени, па отстранети од социјалните мрежи

Сподели со своите пријатели

Списоци на кои се наоѓаат имиња на граѓани на Куманово кои се во изолација вчера кружеа по социјалната мрежа Фејсбук.

Loading...

На списоците покрај име и презиме на секој кумановец кој се наоѓа во изолација, стоеше нивниот датум на раѓање и нивната адреса на живеење.

Кумановски Муабети упати прашања до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој вели дека не е запознаен со ова, но додава дека ако се утврди било каква повреда на Законот за заштита на лични податоци ќе се преземат активности.

– Досега нема стигнато ваква пријава до Министерството за внатрешни работи, доколку се утврди дека тоа претставува кршење на Законот за заштита на лични податоци ќе бидат преземени активности за што дополнително ќе информираме. Некои држави во регионот ги објавуваат податоците поради заштита на животот и здравјето на граѓаните, кај нас нема донесено таква одлука, па на овој случај ќе му посветиме внимание и ќе ве информираме, рече министерот Чулев на денешната прес конференција.

Во моментов фејсбук страницата на кои беа објавени списоците повеќе ја нема, а со неа и списоците на кои имаше податоци за 113 граѓани.

Никола Ивановски

Leave a Reply