Спектакуларно второ полувреме на ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

И покрај изворедното второ полувреме на ЖРК Куманово кое што го доби домашниот тим со резултат 17:11 во дербито од третото коло против ЖРК Вардар СЦЈС, сепак не беше доволно за добар резултат.

Видовме еден несекојдневен натпревар во кој на почетокот се чинеше дека вардарки ќе постигнат лесна и убедлива победа, меѓутоа нашиот тим не се предаваше до последниот момент иако натпреварот заврши со резултат 28:33, велат челниците на клубот.

Клучна беше одбраната на гостинската голманка на пет минути пред крајот кога Кумановскиот тим можеше да намали на 3 гола пред крајот на натпреварот.

Би сакала да им честитам на ракометарките на ЖРК Вардар СЦЈС на нивната ефикасност. Во првото полувреме  ја загубивме концентрацијата и ништо не ни одеше .Изигравме одлично во второто полувреме, кое што заврши со резултат 17:11 за нас. Бевме концентрирани и ги реализиравме сите наши шанси. Треба што побрзо да го заборавиме овој натпревар и да научиме од нашите грешки. Во следните средби мораме да бидеме фокусирани во сите 60 минути – изјави ракометарката на ЖРК Куманово Александра Боризовска

Во ЖРК Куманово најефикасна беше Александра Боризовска со 9 постигнати гола, а голем придонес даде и Бранкица Марковиќ со 5 гола, и капитенот Викторија Пеовска со 5 постигнати гола и два промашени седмерци.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.