СПЕКТАКУЛАРНИ ФОТОГРАФИИ ОД МАРС: НАСА објави глетки од Црвената планета невидени досега

Сподели со своите пријатели

Првата фотографија објавена од НАСА се однесува на слетувањето на роверот на површината на Марс и на која се гледа како роверот се приближува до површината на Марс.

Loading...

 

 

Камерата ја сними перспективата, нешто што не беше можно во претходните мисии, пренесува CNN.

 

 

Loading...

На снимката се гледа како се крева прашина од површината на Марс поради работата на моторот на роверот, кога тој бил само 6,5 метри над површината.

Првите слики што роверот ги испрати во четвртокот вечерта беа во црно-бела боја, а подоцна пристигнаа и фотографии во боја.

 

 

Една од нив покажува и камења на Марс.

Слетувањето на роверот беше најризичниот дел од операцијата, имајќи предвид дека тој влезе во атмосферата на Марс со брзина од дури 19.500 километри на час, што требаше да се намали со падобран и ракетна платформа.

 

Loading...

 

Ровер слета во кратерот наречен Езеро, за кој се верува дека имал езеро широко со дијаметар од околу 50 километри пред 3,5 милијарди години.

Погледнете ги сите фотографии!

Leave a Reply