Специјалното јавно обвинителство во 2016 со буџет од 4,1 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство за 2016 доби одобрение за буџет во износ од 253,7 милиони денари или 4,1 милиони евра по денешната одлука на Собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според предлог одлуката средствата се наменети за плати и надоместоци на јавните обвинители и јавнообвинителската служба, за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучително и средства за советувања и мислења од експерти, професионално напредување на вработените, капитални инвестиции и средства за одржување на просториите, како и опремата за Специјалното јавно обвинителство.