Специјален претставник на Кина оди во Украина

Сподели со своите пријатели

Кина најави дека од понеделник нејзин специјален претставник ќе ги посети Украина, Русија и другите европски земји за да разговара за „политичко решение“ за војната во Украина.

Loading...

„Почнувајќи од 15 мај, амбасадорот Ли Хуи, специјалниот претставник на кинеската влада за евроазиски прашања, ќе оди во Украина, Полска, Франција, Германија и Русија за да разговара со секоја од страните за политичко решение на украинската криза, изјави денеска за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.Ванг Венбин.

Тоа ќе биде највисокиот кинески дипломат што ќе замине во Украина од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Кинескиот претседател Си Џинпинг минатиот месец разговараше телефонски со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

По тој повод Кина најави дека Ли Хуи ќе ја предводи делегацијата што ќе ги посети Украина и другите земји, но датумот тогаш не беше наведен.

Ли Хуи е поранешен заменик-министер за надворешни работи на Кина и специјалист за поранешниот советски простор.

Тој беше кинески амбасадор во Русија 10 години, а со тоа и во редовен контакт со рускиот претседател Владимир Путин.

Кина тврди дека отсекогаш одржувала дијалог со Украина на дипломатско ниво и дека има неутрален однос кон конфликтот, иако има привилегирани врски со Русија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Во февруари кинеското Министерство за надворешни работи го објави својот став за кризата во Украина во 12 точки, во кои повика на почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучувајќи ја и Украина.