СПЦ забрани прослава на Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“

Сподели со своите пријатели

Патријархот Иринеј и Српската православна црква го одбиле барањето на премиерот Зоран Заев и забраниле Македонија да го прослави 2 Август, Илинден во манастирот „Прохор Пчински“.

Како што пишува српскиот весник Ало, врвот на СПЦ на чело со патријахрот Иринеј нема намера да дозволи на официјалната делегација на Македонија со премиерот Заев да го посети манастирот Прохор Пчински и во него да го одбележат Илинденското востание од 1903, што е еден од најголемите празници на Република Македонија.

Патријахрот Иринеј е дециден во забраната. Како вели, се додека не се поправи статусот на СПЦ и свештениците во Македонија нема разговори за можноста да се дозволи на било која делегација од Скопје да го посети манастирот во Србија и во него да се одбележи Илинденското востание. Самиот патријахр Иринеј и Патријаршијата повеќе пати имаат барано од македонските власти да се направи нешто по прашањето на статусот на српските свештеници во Македонија, но секогаш наидуваа на ѕид од државните институциите во Македонија. Патријахрот Иринеј е лут и повеќе пати има повторено дека нема шанси да им дозволи во нашиот манастир да се слави Илинден. Тие нашите манастири на Косово сакаа да ги дадат на Албанците, па не можат сега во нив да ги обавуваат своите прослави – вели изворот на Ало од Патријаршијата.

Заев при вчерашната посета на Босна и Херцеговина рече дека се уште нема добиено одговор на барањата македонска делегација да го одбележи празникот во Прохор Пчински, на тетиротијата на Србија. Изрази надеж дека Македонија ќе доби одобрение, но во случај да не биде одобрено нема да се налутат Македонците.

Тоа значи дека и оваа година одбележувањето на празникот ќе се изврши во Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, каде политичкиот врв го одбележува празникот откако СПЦ забрани пристап до манастирот „Прохор Пчински“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.