Спасовски: Возилата на МВР користени за поинакви цели ќе бидат одземени

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната прес конференција потенцираше дека постојат сериозни индиции за злоупотреба на одредби од подзаконски акти кои ги регулираат начинот на обезбедување  и користење на службени возила на МВР.

Loading...

Како што истакна министерот, постојат докази дека службени возила и обезбедување на МВР користеле и личности кои не ги исполнуваат условите, како и личности на кои воопшто и не им следуваат возила и обезбедување со наведување на имиња на неколку личности кои користеле обезбедување и возила на министерството и рече дека издал наредба веднаш да бидат одземени.

Според министерот, на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков им следува обезбедување една година по престанок на мандатот и тие со решение се покриени. Тој, исто така, истакна дека целиот случај се уште се истражува, а од одговорните е побарано да бидат доставени службени белешки  за тоа врз која основа се издадени усни наредби за користење на службено обезбедување и возила .

Воедно, била издадена наредба да се изврши проценка колкава финансиска штета е нанесена на министерството, како и тоа кој од раководните лица вршеле злоупотреба , односно кои користеле службени возила 24 часа. Постојат сомнежи дека стотици возила и луѓе биле непотребно ангажирани, врз основа на субјективни проценки на неовластени лица во постапки, некомпатибилни со интерната регулатива.

Министерот најави и дека во наредниот период ќе биде извршена интерна проценка кој се може да користи службени возила, како и дека ќе биде поведена постапка за изработка на нова регулатива за во иднина да  се спречат сите евентуални злоупотреби, со најава дека по завршување на целата постапка јавноста повторно ќе биде информирана на прес конференција.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.