Спасовски со име и презиме обелодени кои се лицата кои ги злоупотребиле надлежностите на МВР (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната одржана прес конференција информираше за одредени случувања коишто ги најави на седницата на Собранието на Република Македонија при поставувањето на пратенички прашања/

Loading...

Спасовски зборуваше за наводната злоупотреба и непочитувањето на одредбите од подзаконските акти, нормативните акти, коишто го регулираат начинот на користењето на обезбедувањето и на возилата во Министерството за внатрешни работи.

Тоа се и уредбата којашто е донесена од страна на Владата, како и наредбите коишто се донесени за тоа на кои личности им следува обезбедувањето, меѓутоа како и на кој начин се утврдени бројот на лица и возила, коишто го користат обезбедување и врз основа на безбедносните проценки. Второ, личности кои во моментот не исполнуваат услови, а користат обезбедување на трошок на министерството за внатрешни работи и навистина сериозни процедурални недостатоци, коишто се однесуваат на користење нa обезбедување и возило од одредени личности во Република Македонија на кои воопшто не им следува обезбедување.

Тоа укажува на фактот за потврда на она што ни го констатираат. Дека во Македонија не е одделена партијата од државата. Ја потрдува тезата дека МВР, не е МВР на Република Македонија, туку МВР на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто ова го кажувам, заради тоа што навистина кога ќе ги погледнеме личностите кои користат обезбедување, исклучувајќи ги личностите за кои е дозволено обезбедување, сите законски прописи, претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието, министрите за одбрана, за внатрешни работи, правда и финансии. За сите други личности е потребно да се направи безбедносна проценка и врз основа на таа безбедносна проценка да се даде решение за користење на обезбедување. Меѓутоа исто така е наведено во уредбата и кој е се тоа што може да користи обезбедување врз основа на ваква безбедносна проценка, а тоа значи поранешни министри кои ја напуштиле функцијата ако навистина им е загрозена безбедноста и животот но најмногу до една година од престанокот на мандатот.

Овде во овој список којшто сме го добиле, сакам да ве информирам вас и македонската јавност дека ова е направено надвор од сите законски овластувања. Од личностите кои треба да бидат одговорни во однос на оваа работа и тоа е направено врз основа на усна наредба. Кој, каде и како добил обезбедување и да располага со државните средства и со луѓе на неовластен начин.

На тој начин е доведена во прашање работата на министерството за внатрешни работи, злоупотребени се и финансиските средства.

Ќе ги соопштам имињата на лушето кои имале обезбедување врз основа на усна наредба.

Тоа е Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата на Република Македонија за кој не постои никаква законска можност да може да добие обезбедување.

Loading...

Емил Димитриев, пратеник во Собрание на Република Македонија и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така со усна наредба без никаква законска можност.

Михајло Маневски, поранешен министер за правда на кој исто така со усна наредба му е доделено обезбедувањето се до први 12 оваа година.

Мартин Протогер, советник на претседателот на Влада на Република Македонија исто така без никаков акт, со усна наредба.

Гоце Џуклевски, националниот координатор на Националниот координативен центар за гранично управување. Исто така вон уредбата и без никаков акт.

Јохан Трчуловски, исто така без никаков акт и без никако основ.

Амди Бајрам, пратеник во Собранието на РМ, за кој сакам да ја информирам македонската јавност дека луѓето кои биле во неговото обезбедување долго време наназад, за нив постои два пати или три пати издадена наредба по 10 дена дека треба да работат на обезбедување на одредени личности или трансфер на пари без притоа да се наведе дека ќе го обезбедуваат пратеникот Амди Бајрам и ен знам од кои причини и да напоменам дека има решение сега во моментов дека терба да добие обезбедување, дадено 09.11.2015 година, два дена пред мојот избор за министер за внатрешни работи. Без притоа да имаме безбедносна проценка за тоа дали терба и во каква форма да има обезбедување или користење на било кои други средства.

Постојат две решенија, за Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, врз основа на уредбата, за кои по престанок на функцијата им следува обезбедување врз основа на проценките најмногу до година дена и тие се покриени со решението.

И токму заради тоа издадов наредба да се испитаат сите индиции и наводи за утврдување на одговорност за ваквите состојби.

Loading...

Се работи за сериозни укажувања и сомневања за пречекорување на овластувањата со која е нанесена голема материјална штета на МВР.

Стотици возила и луѓе биле непотребно ангажирани врз основа на субјективни проценки на неовластени лица во постапката и некомпактибилни со уредбата којашто го регулира овој процес.

Исто така е констатирана злоупотреба кај одредени раководни лица со 24 часовно користење на возила на Министерството за внатрешни работи.

Недозволиво е раководниот кадар да користи по неколку возила, а оперативните и инспекциски служби да немаат возило или да користат возила стари по 15 до 20 години.

Издадов наредба за подготовка на прецизна интерна регулатива со која конкретно ќе се знае кој ќе се обезбедува врз основа на уредбата, врз основа на безбедносна проценка, колку возила и колку луѓе се потребни за да ги обезбедуваат овие лица, врз основа на кој правен основ е тоа направено и кој ќе користи возило 24 часа на располагање врз онова на постоечката уредба која ја има министерството.

И затоа веќе се започнати постапки. Да се утврди кој го прекршил законот односно подзаконските акти и интерните процедури во МВР. Да се утврди колкава е материјалната штета предизвикана во буџетот на МВР имајќи предвид во каква состојба се наоѓаат полициските службеници, каква или колку години немале униформа, дали им се исплаќаат финансиските средства итн. Сето тоа е доволен факт да се покаже пред македонската јавност како биле и дали биле злоупотребени овие финансиски средства. 

Започната е постапка за нова регулатива, интерно и прецизно да се утврди оваа матеија, за во иднина да се спречат сите злоупотреби во однос на ова прашање, коешто денеска ви го соопштив и на вас и на македонската јавност.

Ветив дека треба да бидеме транспарентни во однос на потезите кои ќе ги презентираме на македонската јавност, за сите можни злоупотреби и затоа денеска и ги објавив овие имиња што имаат обебедување или користење на возила без никаков основ во МВР, изјави на денешниот прес, министерот Спасовски.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.