Спасовски со честитка по повод Денот на ослободувањето на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод Денот на ослободувањето на Куманово.

Loading...

Тој на Спомен Костурница денеска со делегација на МВР положи свежо цвеќе, а на граѓаните преку социјалните мрежи им посака добро здравје, благосостојба, личен и заеднички просперитет.

Неговата честитка ви ја пренесуваме интегрално:

– На 11 ноември 1944 година, Народноослободителната и антифашистичка војна после четиригодишна борба, после години на крвопролевање, донесе ден на слобода. Се остварија мечтите на нашите татковци, мајки, дедовци и баби, кои од мали нозе сонуваа за муграта осветлена од сонцето на слободата, а за остварувањето на тој сон голем број го дадоа и  најскапоценото – својот живот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово го декласираше Скопје, утре атакува на Шампион

На овој ден, пред 78 години, со голема радост низ кумановските улици маршираа единиците на славната Народноослободителна војска, горди што ги исполнија идеалите на хероите Киро Фетак, Перо Чичо, Христијан Карпош, Бајрам Шабани, Васе Гелев, Боро Петрушевски Папучар, Трајко Стојковски Бузо, Тане Георгиевски, Димче Еребица, Доне Божинов, првата загината партизанка во НОБ, Магдалена Антова и другите знајни и незнајни борци, кои силно ја посакуваа слободата на Македонија, слободата на своето Куманово.

 

 

Loading...

Во првите десет дена од слободно Куманово, на 19 ноември на кумановскиот Градски плоштад се одржа Народен митинг, прв митинг во Слободна Македонија, на кој беа упатени пораки за испишување на нова државничка историја на слободна Македонија за градење на модерен и значаен стопански, културен, спортски центар на Балканот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува поројни врнежи, силен ветер и заладување

Така сме познати ние како кумановци, по нашата борбеност, по идеалите за еднаквост и слободарската традиција којашто ја негуваме со векови наназад и која е наш светилник, како тогаш, така и сега, небаре создадени да бидеме предводници на промените.

Денеска, сите заедно од нашето мултиетничко Куманово – Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, обединети сме кон една единствена идеја и цел – нашиот заеднички дом да го преобразиме во европски, да ја избориме еднаквоста со европските земји на достоинствен начин и силно верувам дека ќе успееме во овој наш современ поход.

Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Куманово, напиша Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода неколку локации во Куманово

Никола Ивановски