Спасовски откри нова афера за 70 илјади дупликат возачки дозволи (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку одржа прес конференција, на која обелодени нови детали со скандалот на печатење на фалсификувани лични исправи. Овојпат, како што рече Спасовски се работи за 70 илјади формулари за дупликат возачки дозволи.

Според Спасовски, МВР за таа цел формирале комисија за да влезе во магацинот со документи и да изврши попис на сите обрасци, каде се пронајдени 70 илјади формулари кои не биле евидентирани дека постојат во магацинскиот компјутер, внесени во ноември минатата година.

Loading...

– Станува збор за исти документи со исти сериски броеви. Имам признание дека службеник на МВР бил известен дека има дупликат, но не реагирал се до барањето за попис. По најавата за попис тој ја известил фирмата добавувач за дупликатот, рече Спасовски.