Спасовски: Очекувам успешен референдум (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова е историски ден за Република Македонија и секој од граѓаните треба да биде среќен што можеме да ги оствариме нашите вековни идеали, а тоа се членство во ЕУ и НАТО, рече денеска минситерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата, Оливер Спасовски непосредно по остварувањето на своето гласачко право во населбата Перо Чичо каде што живее.

– Очекувам да имаме мирен ден, демократска цивилизирана атмосфера во која граѓаните ќе ја носат самостојно одлуката, очекувам дека секој граѓанин ќе може да го каже својот став во однос на Македонија и во однос на иднината на нашите деца и посакувам вечерва Македонија да слави заедно со сите граѓани на Република Македонија и сериозно да исчекори напред кон својата иднина.

Министерот Спасовски, изрази очекување за успешен референдум затоа што, според него, ова е момент кој што не поврзува сите нас, момент во кој правиме нешто за да оставиме на нашите деца во наследство.

Изјавата е снимена во 9 часот утринава

Loading...

Leave a Reply