Спасовски најавува интензивни сообраќајни контроли за празниците

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 Телевизија најави интензивирање на сообраќајните контроли на МВР.

Loading...

„Да се почитуваат правилата и прописите. Ние нема да го намалиме темпото, најавувам сега дека до крајот на оваа година, за празниците, и после Нова година, интензивно веќе уште ќе ги зголемиме нашите активности во делот на сообраќајот во урбаните средини, и на регионалните и на магистралните патишта, заради тоа што животот на граѓаните е многу важен за нас”, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека тенденцијата на МВР е да се намали бројката на жртви во сообраќајни незгоди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

„Нашата тенденција е да ја намалиме бројката на жртви во сообраќајни незгоди, на сите институции. Затоа работиме со Републички Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, со образовни институции, со Факултетот за безбедност, со медиумите, при што изразувам благодарност до сите медиуми кои овој систем на јавната свест го помагаат многу”, нагласи министерот Спасовски.