Спасовски: Началникот на СВР Куманово е сменет затоа што е жител на Скопје (видео)

Сподели со своите пријатели

На денешната седница на Собранието на РМ посветена на пратенички прашања, одговор од собраниската говорница даде и Оливер Спасовски, прашан за смените на петте полициски началници во Секторите за внатрешни работи.

Според Спасовски, промените што се направени не се направени само заради промени туку таму каде што е неопходно.

Мислам дека вие не треба да говорите за тоа како работи МВР кога ваша министерка кажуваше каде биле штабовите. Ова Министерство нема да биде во функција на ниту една партија. МВРО му беше една од клучните тупаници на ВМРО, затоа толку се буните. Секој професионалец ќе има поддршка. Сменети се 5 началници и ниту еден без причина. Во Охрид беше в.д. началник, тој за униформа полицијата исто така беше в.д. ниту еден не беше од Охрид. Началникот на СВР Скопје има неколку сериозни пропусти, прво за упадот на полицијата во УКИМ, за што подоцна се правдаше, но има снимен разговор во 192, а повикот е од вработено лице во СГС, не од ректорот како што тврдеше тој. Втора причина е поради тоа што ништо не е спроведено за нападите на новинарите, за нападите во општина Центар, убиството во Грчец. Началникот на СВР Велес повикал двајца вработени сопруг и сопруга за да им каже дека е добар да се приклучат кон паријата на власт бидејќи припаѓаат на партијата ДС што полека треба да се распадне. И за тоа се доставени изјави кај мене. Новиот началник е од СВР Велес, а живее во Градско. Тешки кражби во Прилеп, палење автомобили во Битола, за кои началникот од Битола не мрдал со прст. Во Куманово началникот кој што е сменет не е од Куманово, туку од Скопје – рече Спасовски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.