Спасовски: Мирни и демократски избори како што доликува на земја членка на НАТО

Сподели со своите пријатели

Гласањето во текот на денешниот ден помина мирно и без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, а институциите на Република Северна Македонија покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори, како што и доликува на земја која многу скоро ќе биде членка на НАТО и е на пат за членство во Европската унија, рече министерот Оливер Спасовски по завршувањето на денешното гласање.

Loading...

-Дозволете ми да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија и на институциите за одлично спроведените избори. Им се заблагодарувам и им честитам на припадниците на МВР кои ги преземаа сите мерки и активности изборниот процес да помине во демократски и фер услови- рече Спасовски.

Министерот Спасовски соопшти дека во текот на денешниот ден, до сега, регистрирани се четири фотографирања на гласачко ливче и сторителите се приведени, а регистрирано е и едно оштетување на гласачка кутија од лице под дејство на алкохол во Новаци. Во село Кучичино регистрирано е лице кое делело рекламен материјал со еден од кандидатите за претседател и за тоа е известено обвинителството.

-Дозволете ми на крајот уште еднаш да им честитам на граѓаните за денешниот мирен изборен ден и покажаниот демократски капацитет. Република Северна Македонија покажа дека може да организира европски избори- рече Спасовски.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *