Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вчерашното обраќање во Собранието на РМ на седницата посветена на пратенички прашања, изјави дека јавноста допрва ќе дознае кој и како користи возила на МВР и за кои цели.
Loading...
Спасовски на пратеничкото прашање за тоа дали ќе има поделба на државата и партијата, во услови кога тој освен што е министер е и секретар на СДСМ, додаде дека треба да има поделба на државата и партијата, но не како оваа денес.
Не како оваа денес, каде една сала на МВР е за штаб на ВМРО и е ВМРО-МВРО, и каде Емил Димитриев користи обезбедување и возила од МВР и уште неколку функционери за кои што ќе биде обелоденето пред македонската јавност, изјави Спасовски