Спасовски: Има сценарија и за дополнителни мерки

Сподели со своите пријатели

Владата има разработени сенарија и за уште поригорозни мерки, вели премиерот Оливер Спасовски, кој апелираше граѓаните да ги почитуваат оние кои се на сила сега, затоа што најригорозните ќе бидат далеку поштетни врз економијата и државата.

Loading...

– Има разработени сценарија и може да очекуваме уште мерки, но апелирам граѓаните да не постапуваат недоговорно се со цел да видат дали има уште мерки. Колку поодговорни ќе бидеме во овој процес толку мерките би биле полесни и толку пократко би траела целата оваа ситуација на ширење на вирусот и толку помали би биле негативните ефекти врз економијата и државата. При носење на сите овие мерки во Владата истакнувавме дека зависно од тоа како ќе се однесуваат граѓаните, колку ќе ги почитуваат, толку повеќе и мерките ќе бидат зајакнати или ќе се намалуваат од првично донесените, изјави Спасовски.

Поврзано:

Како што рече премиерот Спасовски, ако некому му е определено да биде во самоизолација да остане таму и на тој начин да им помогне на саканите, на државата и јавното здравје.

– Ако за некој граѓанин има ограничување на движењето, да го почитува тоа ограничување, тоа е најголемиот патриотизам во овој период и е многу важно оние кои ќе почуствуваат било какви симптоми или кога ќе одат на лекар да бидат многу исркени, затоа што искреноста е половина од спречувањето на шиењето на вирусот. Ова го кажвам затоа што имавме секакви манифестации во овој дел,на луѓе кои не се искрени кои не ја почутуваат самоизоалциајта, кои се однесуваат дека јас не сум тој што мене ќе ме задеси да бидам носител на вирусот и на тој начин се предизвикуваат состојби  кои имаат несогледливи последици, рече Спасовски.

Тој апелираше да се почитуваат новите мерки со цел успешно справување со ширењето на вирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply