Спасовски и Ременски дадоа свечени заклетви во преодната влада, СДСМ не оди на избори

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски денеска дадоа свечена заклетва во Собранието и станаа дел од преодната влада на Емил Димитриев која ќе трае до изборите.

Давањето заклетва е резултат на вчерашната одлука на Централниот Одбор на СДСМ дека нивните министри, односно заменици министри треба да учествуваат во преодната влада до распуштањето на парламентот, односно 24-ти февруари, но исто така одлука е дека СДСМ на избори на 24-ти април нема да оди.

Доколку не се корегира датумот на избори, СДСМ дополнително ќе одлучува за поната мошното учество во работата на Владата и Собранието на Република Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната изјава на Заев дека ултимативно бараат промена на датумот ан зиборите, тие велат дека фер избори ќе има и на 24-ти април и дека е „доста со закани“.

Доколку нема пролонгирање на датумот на изборите, освен СДСМ бојкот ќе има и од страна на помалите партии како што се Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Партијата за европска интеграција (ПЕИ), Левица, Движењето за реформи во ДПА и други.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.