Спасовски ги посети повредените полицајци кај Гевгелија (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес беше во Гевгелија во посета на транзитниот прифатен центар на граничната линија меѓу Грција -Македонија кај котата 59, со цел да се запознае одблиску со ситуацијата на терен околу денешниов инцидент на поединци од економските мигранти со полициските службеници и армијата.

Loading...

Министерот Спасовски ги посети и разговараше и со повредените полициските службеници , задржани во медицинскиот центар во Гевгелија посакувајќи им побрзо опоравување.

Денешните немири започнаа околу 13:30 часот, откако група економски мигранти почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македонска страна.

Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и штитови.

 

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.