Спасовски: Да ги заштитиме бегалците, но да ги штитиме и нашите граѓани

Сподели со своите пријатели

Мнозинството на оние кои бегаат од војната сигурно не се поддржувачи на насилството или на терористичките групи, оти доколку беше поинаку тие ќе останеа во Сирија или во Ирак. И затоа хуманиот пристап мора да биде наш императив. Но, истовремено неможе да постои компромис кога е во прашање безбедноста на граѓаните и државата.

Ова меѓудругото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на меѓународната конференција – “Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации“ што во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР на РМ, како актуелен претседавач со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ќе се одржува денес и утре во Скопје.

Нагласувајќи ги застрашувачките димензии на мигрантскиот бран што резултираше со милиони бегалци во Европа, од кои само низ Македонија од почетокот на годинава досега минале речиси 620.000, министерот Спасовски нагласи дека Република Македонија ја следи политиката на повеќето европски земји и од пред еден месец воведе селективен пристап во начинот на дозволување влез на мигрантите кои доаѓаат исклучиво од воено-конфликтните земји.

“До пред само помалку од еден месец низ нашата земја дневно транзитираа околу 9000 мигранти. Мигрантите на влез во државата се регистрираа врз основа на документи изготвени од грчките служби, по изјава за нивното потекло, со нецелосни или неточни податоци, поради што не можеше да се потврди дали одредено лице транзитирало низ државата“, рече Спасовски. “Ваквата состојба создаде простор за можна инфилтрација на радикални поединци и групи кои се движат заедно со мигрантите, како и опасност од трговија со луѓе, особено трговија со деца“, потенцираше Спасовски.

Според Спасовски токму поради тоа не изостанува постојаното преземање мерки на безбедност за превенција и справување со актуелната кризна состојба, вклучувајќи ги и ризиците од тероризам. “Актуелните безбедносни ризици сега можеби се мали, но оние потенцијалните секако дека ќе станат значителни, доколку на соодветен начин не одговориме на овој бегалски и мигрантски бран.  

Loading...