Спасовска апелира да се запазат роковите за легализација на дивоградби (видео)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните кои не успеаја да ги доставатат барањата за легализација на бесправно изградени објекти, тоа може да го сторат и деновиве, односно до 31 март 2016 година, со оглед на пролонгирање на рокот и измените на Законот за легализација на дивоградбите, соопшти денес Лидија Ланг – Спасовска, раководител на Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

Барањата ќе може да достават барање до Секторот за урбанизам во општина Куманово до 31 март 2016 година, а граѓаните кои поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година според кои ќе се спроведе легализација на објектите.

  • Во овие три дена пристигнаа стотина нови барања, со претпоставка дека ќе бидат легализирани нови 3000 објекти. Граѓаните треба да знаат дека ќе бидат легализирани само оние објекти кои се изградени пред 31 март 2011 година, вели Спасовска.

Досега, Секторот за урбанизам има процесирано близу 9.500 елаборати за легализација на бесправно изградени објекти.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.