SpaseX бара Пентагон да го плати Starlink за Украина

Сподели со своите пријатели

Американската компанија SpaceX, во сопственост на Илон Маск, го известила Министерството за одбрана на САД дека повеќе не може да плаќа за сателитски комуникациски услуги Starlink кои ѝ се даваат на Украина, јавува CNN, повикувајќи се на документи до кои дошле.

Loading...

„Не сме во позиција да донираме дополнителни терминали на Украина, или да ги финансираме постоечките терминали“, рече директорот на компанијата во писмото до Пентагон.

Од компанијата се бара американското Министерство за одбрана да плати за испораката на новите терминали на владата во Киев и да го преземе финансирањето на користењето на системот во Украина.

Трошоците на Starlink до крајот на годината би биле 124 милиони долари.

Украинските власти претходно објавија дека терминалите на Старлинк не функционираат во зоната на руската воена акција, објави Фајненшл тајмс.

Прекини на услугата се забележани во регионите Донбас, Херсон, Запорожје и Харков.

Украинските експерти со кои разговараше ФТ изразија сомневање дека проблемите во комуникацијата во овие региони се предизвикани од намерните одлуки на SpaceX да го ограничи пристапот на територијата што ја контролира Русија.

Основачот и најголемиот акционер на SpaceX, Илон Маск, одби да ги коментира извештаите и додаде дека информацијата е доверлива, пренесува CNN.

Loading...

На 27 февруари, Маск објави дека дозволил пристап до неговиот глобален сателитски комуникациски систем Starlink во Украина.

Во март американските медиуми објавија дека украинската војска користи сателити Starlink за да ги нападне руските сили.

На 3 октомври, Маск рече дека дотогаш SpaceX потрошил околу 80 милиони долари за лансирање и одржување на Starlink во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.