Овој зачудувачки дом на тркла е со сè што ви треба, направен во комбинација на различни архитектонски решенија и мешавина од разни дизајни.
Како резултат на долгогодишно искуство и голем сон, се создала оваа феноменална куќа, која со својот изглед ги воодушевува сите што гледаат во неа.
На самиот почеток, таа била само камп приколка, која со малку напор станала вистински рај за живеење.
Овој минијатурен стан има се што ви треба за совршен живот, дневна соба, катче за релаксирање и играње, бања со практично место за складирање, но и кујна.
Куќата е дизајнирана така што во приземјето има дневна соба, кујна, просторија за одмор и тераса, додека скалите водат кон галеријата каде што се наоѓа спалната соба и детската соба.
Фактот дека има градина полна со цвеќиња на покривот, вистинска мала оаза која на целата куќа ѝ дава уште поинтересен изглед, исто така зборува за тоа колку добро се користи просторот.
Ова е доказ дека дури и малите простори можат да бидат целосно функционални само доколку се користат на вистински начин.