Советот за безбедност на Обединетите нации за понеделник свика вонредна седница на Генералното собрание на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, додека западните сојузници ја интензивираат дипломатската кампања за изолација на Москва.
Loading...
Гласањето на 15-члениот Совет денеска беше процедурално, па Русија не можеше да стави вето.
Одлуката за свикување на седницата на Генералното собрание е донесена со 11 гласа „за“.
Русија гласаше против, додека Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани.