Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на хаитскиот претседател

Сподели со своите пријатели

Сите 15 членки на Советот за безбедност на ООН го осудија атентатот врз претседателот на Хаити, Жованел Моиз, сметајќи го за „грозоморно злосторство“ и побараа сите „одговорни“ веднаш да бидат изведени пред суд“.

Со едногласно усвоена резолуција, Советот за безбедност на ООН ги повика сите страни да се воздржат и да избегнуваат активности што ќе придонесат за зголемување на нестабилноста во земјата.

Резолуцијата изразува „непоколеблива поддршка на дијалогот“.

 

Убиен претседателот на Хаити (ВИДЕО)

 

На иницијатива на Соединетите Американски Држави и Мексико, Советот за безбедност на ООН денеска ќе одржи итен состанок зад затворени врати.

Моис беше убиен во средата во вооружен напад врз неговата приватна резиденција. Неговата сопруга Мартин беше ранета и пренесена во болница.

Во критична состојба сопругата на убиениот претседател на Хаити

Leave a Reply