Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Сите 15 земји-членки на Советот за безбедност на ОН го осудија терористичкиот напад во петокот во Источен Ерусалим, во кој загинаа седум лица, а тројца беа тешко ранети, изјавија двајца дипломати на ОН за Тајмс оф Израел.

Loading...

Седницата на ОН се одржа зад затворени врати, а претставниците на Израел и Палестина не беа поканети, јави Танјуг.

Седницата беше свикана еден ден порано поради нападот на израелската армија врз бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег на 26 јануари, кога беа убиени девет Палестинци, јави Си-Ен-Ен.

Обединетите Арапски Емирати, Кина и Франција повикаа на состанок на Советот за безбедност на ОН поради зголемените тензии меѓу Израел и Палестинците, но нема консензус за тоа како да се реши оваа последна ескалација на насилството, пишува The Times of Israel.

Американскиот претставник на седницата рече дека Палестинците не треба да преземаат „еднострани мерки“ во ОН, а рускиот претставник рече дека Москва ќе ја поддржи таквата палестинска иницијатива.