Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи 10та седница

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржи 10та седница.

Loading...

На дневен ред се очекува да се најдат десет точки.

1. Информација за преземени мерки и активности во текот на 2021 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;

3. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 8185/52 од 29 декември 2020 година;

4. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 515/7 од 20 јануари 2022 година;

5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

6. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

Loading...

7. Предлог – Одлука за давање согласност за апликација и реализација на проектот „Заеднички системи за управување и интервенција на културното наследство и локалитети – можност за проучување на општественото живеење и подобрување на прекуграничната соработка“;

8. Предлог – Локален акционен план за животна средина на Општина Куманово (2022 – 2028);

9. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување;

10. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година.