Советот на Општина Куманово од утре добива нов член

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе ја одржи својата 21. седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 20 точки.

Loading...

Првата точка е одлука за верификација на мандат на нов член на Советот. Според партиски информации тоа ќе биде Сашо Стошевски од редовите на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а истиот доаѓа на местото на Срѓан Рашити кој поради неоправдано отсуство од три последователни седници беше разрешен од функцијата.

Советниците потоа ќе треба да се изјаснат и за новиот ценовник кој го има предложено ЈП „Пазаришта“, како и програмата на оваа претпријатие за 2019 година. Воедно Советот ќе треба да се произнесе и за утврдување на недвижни ствари кои оваа јавно претпријатие ќе ги става на јавно наддавање за издавањепод закуп, но и за предлог одлуката за утврдување на вредноста на бодот за утврдување на платите.

На дневниот ред ќе се најде и точка со која од советниците ќе се бара одобрение за преземање на административни службеници од Општина Куманово кои ќе бидат дел од новото јавно претпријатие „Куманово план“.

Најголема дискусија се очекува да предзивика предлог одлуката со која ќе се бара согласност за годишниот план за вработување во општината за 2019 година.

Вториот дел од седницата се точки од областа на урбанизмот, односно утврдување потреба за донесување на урбанистичко-планска документација за одредени делови од градот.

Седницата започнува во 10 часот, а директно можете да ја следите и на програмата на локалната Телевизија „Плус“.

Leave a Reply