Советниците во среда ќе расправаат по 60 точки

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово за среда со почеток во 10 часот ја закажа редовната триесет и шеста седница, на која ќе се најдат 60 точки. На седницата, советниците ќе расправаат за збирниот извештај за настанати штети и проценети последици од елементарна непогода – поплава, што се случи на 29.03.2015 година на подрачје на Општина Куманово, како и за финансиските извештаји за годишно финансиско и деловно работење на ЈП Водовод , ЈП Чистота и зеленило, ЈП Пазаришта и ЈП Куманово гас.

Loading...

Од останатите точки, тука се издовјуваат и расправите за годишната програма за 2015 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“, предлог – Програма за управување со отпад во Општина Куманово за 2015 година, како и расправа за локален акционен план за вклученост на собирачи на отпад во Општина Куманово.

Советниците ќе расправаат и за Предлог – Одлука за траен отпис на даночни задолжувања и бришење на даночни обврзници од евиденција во база на даночни обврзници на Општина Куманово кои имаат утврден недвижен имот на територија на Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општината Куманово и Предлог – Одлука за давање на трајно користење на подвижни ствари – тезги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово.

Останатите точки од дневниот ред се достапни на официјалната веб страна на Општина Куманово.

 

Leave a Reply