Советниците утре ќе дискутираат за адаптирање на Занатски дом во јавен објект

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово за 3 декември го закажа одржувањето на четириесет и четвртата седница на која советниците ќе дискутираат по 30 точки од дневниот ред, меѓу кои се издовјува усвојувањето на тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод”, финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово од април до јуни односно од јули до септември и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2015 година.

Loading...

Советниците ќе дискутираат по информацијата за состојбите во училишен спорт во Општина Куманово, запишување на училишни обврзници во прво одделение во задолжителното основно образование во Општина Куманово во учебната 2015/2016 година, предлог – програми за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2016 година, а од комуналната сфера, збор ќе стане за програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за наредната година, одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово, спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз,  програми за развој на Општината Куманово, уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово, изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово, изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово како и  измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;

На утрешната седница ќе следи и дискусија за предлог – одлука за кофинансирање на проектот „Адаптација и санација на Занатски дом во јавен објект наменет за надградба на капацитетите на главните двигатели на економскиот развој во регионот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.