Советниците од ВМРО ДПМНЕ негодуваа за неостварените и префрлени проекти за наредната година

Сподели со своите пријатели

На седницата на Советот на општина Куманово која се одржа вчера беше донесена одлука за нов ребаланс на буџетот, а сите проекти кои требаше да се реализираат оваа година се префрлени за следната.

Loading...

Бројни обвинувања испратија советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека ваков буџет се провлекува од 2013 година наваму, а дека со тоа се оневезможуваат реализации на некои покапитални проекти во градот.

Советникот Мирослав Стојановски го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски дека со реабалансот на буџетот води грижа само за јавните претрпијатија во градот, а посебно за „Куманово – гас“.

Од друга страна Дамјановски додаде дека се сложува дека многу проекти ќе бидат изоставени од програмата, пред сè како што истакна тој, поради ”политичката темница”, но тој се гордее со работата на оваа јавно претпријатие.

На мое задоволство со наши приходи успеавме да направите гасификационен проект. Од денес ООУ „Кочо Рацин“, СОУ „Перо Наков“, станбена зграда, како и неколку приватни објекти ќе се греат на гас. Со ваквите проекти трошоците на образованието ќе се намалат, ние трошевме 750 илјади тони нафта кога ни ги дадоа училиштата на менаџирање, а сега тоа е намалено на 200 до 250 илјади, а сето тоа преку приходите на граѓаните – додаде градоначалникот Дамјановски.

Од друга страна советничката Кристина Краиновиќ од ВМРО ДПМНЕ рече дека ваков буџет се провлекува со години, а скратени се пари за урбанистичките планови за населбите Перо Чичо и Доброшане.

Со 19 илјади денари не може да се изготви техничка документација, како што беше планирано за комунална инфраструктура, фекална и атмосферска канализација, затоа што ваков проект не е направен, ниту ќе биде – истакна советничката Краиновиќ.

Но, во својата реплика градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека веќе е при крај техничка документација за неколку водоводни и канализациски проекти.

Сепак на крајот на дискусијата беше изгласан новиот реабаланс на буџетот за следната година, со што проектите кои оваа година не се завршени ќе бидат ставени во новиот буџет за следната година.