Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за изградба на кружен тек (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комтиет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денес излезе на кртосницата која ги спојува булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ каде го блокираа сообраќајот на кратко и одржаа прес конференција на која изјавија дека до Советот на Општина Куманово ќе поднесат иницијатива за изградба на кружен тек.

Денес, по којзнае кој пат, сакаме да го искажеме нашиот, но и револтот на граѓаните на Куманово, предизвикан од сообраќајниот хаос, за кој директна вина носи оваа неспособна и неодговорна локална власт. Сообраќајниот хаос, кој повеќе години е неподносливо секојдневие во нашиот град, не само што го отежнува нормалното секојдневно живеење, туку веќе и во голема мера ја нарушува безбедноста на кумановци – рече Бранислав Петрушевски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша колку локалната самоуправа троши за одржување на хоризонталната и вертикалната сигнализација, која според нив и не постои во градот.

 

Loading...

DSC_0004

 

Според членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ оваа раскрсницата кај „Митев мост“ е црна точка за безбедноста во сообраќајот, каде често се случуваат сообраќајни незгоди.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе инцијатива до Советот на општина Куманово за отпочнување на сите потребни активности во правец оваа раскрсница, во која се спојуваат шест улици и која на десетина метри има неколку семафори, да биде заменета со кружен тек на сообраќајот. Ние, а и експертската фела од оваа област сметаме дека тоа ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, но и ќе овозможи поврзување на уште две, сега отсечени улици. Искрено се надеваме дека оваа наша иницијатива ќе наиде на позитивен прием кај советниците во општина Куманово, со што ќе дадеме голем импулс во насока на разрешување на дел од горчливите секојдневни проблеми на граѓаните во нашата општина – додаде Петрушевски.

Оваа раскрсница според Петрушевски е синоним за невидено и нестручно сообраќајно решение.

Се извинуваме поради техничките проблеми со видеото од прес конференцијата.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.