Советниците од опозицијата ја напуштија седницата на Советот (фото)

Сподели со своите пријатели

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата за подобра Македонија, денеска ја напуштија 48-та седница на Советот на Општина Куманово еден час по нејзиното започнување.

Во образложувањето на оваа одлука наведоа дека градоначалникот го злоупотребува преносот во живо за своја лична промоција. По нивното заминување со 17 останати советници продолжи реализирањето на седницата на која на дневен ред се советничките прашања кон градоначалникот, општинската администрација и директорите на јавните претпријатија од градот.

Својот став ќе го изразат утре на закажана прес конференција.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.