Советниците на Бајден на разговори со производителите на лекови против коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Советниците за здравство на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден разговараа со раководителите на производителите на лекови за владината програма „Ворп Спид“ со цел да се забрза развојот на можен третман за вирусот Ковид-19, изјави портпаролот на Бајден, Ендру Бејтс.

Loading...

– Новоизбраниот претседател Џо Бајден е апсолутно посветен да помогне во развивањето на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус што е можно поскоро, а здравствените советници за кампањата беа информирани од компаниите кои работат на производство на вакцини за да ги известат за процесот, рече Бејтс.

Советниците на Бајден во септември и октомври се состанаа со сите производители на вакцини и лекови против коронавирус.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply