Советниците изгласаа одлука за доделување помош на Тетово (видео)

Сподели со своите пријатели

На вонредната седница на Советот на Општина Куманово денес беше одлучено да се издвојат парични средства за поплавените подрачја во Општина Тетово во износ од половина милион денари од резервниот буџет на општината.

Loading...

Итната седница беше свикана на барање на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој издаде предлог да се помогне на подрачјата во Општина Тетово кои беа зафатени од поплавите во понеделник.

Како што истакна градоначалникот, Општина Куманово секогаш важи за град на солидарност и хуманост, па така во рамките на финансиската моќ на општината ќе се издвојат парични средства за помош на Тетовско. Тој додаде дека во согласност со потребите ќе се испрати и техничка помош за санација на материјалните штети.

Во отворената дискусија на седницата, советникот Јовица Станковски рече дека е добро што Куманово покажува солидарност во вакви тешки моменти за Општина Тетово, но се прашува каква поука од овие немили настани имаат извлечено другите градови и што ќе се превземе за да се спречи уништувањето на шумите. Тој истакна дека иста таква судбина може да ја снајде и Општина Липково каде планинтие се соголени, а во Општина Куманово речните корита се преполни со отпаден материјал.

Од друга страна пак, советникот Драги Караџински истакна дека е потребно да се едуцитаат граѓаните со цел да се подигне нивото на еколошка свест.

Loading...

Едногласно од присутните советници беше изгласана одлуката Општина Куманово да издвои 500.000 денари парична помош, како и за сите градови на кои досега им има помогнато да се справат со природни катастрофи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.