Совети за подобро расположение за претстојните празници

Сподели со своите пријатели

Прашања како „каде за Нова“, „дали купивте подароци“, „дали ја украсивте елката, станот“, создадоа дополнителен притисок и чувство дека треба да направите многу работи, да планирате, да организирате.

Loading...

Во сето ова, понекогаш имате впечаток дека останува многу малку простор за уживање и опуштање во овој еуфоричен и бурен период.

Овој месец се карактеризира и со филмови, серии, празнични песни, реклами. Сето ова прави многу луѓе среќни, но исто така може да направи да се чувствувате тажни, депресивни или анскиозни.

 

 

За да се избегне или намали ова чувство на незадоволство, напнатост или вознемиреност во овој период, важно е да се прават оние работи што ве прават среќни и исполнети, а не она што го диктира и очекува околината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Професионална љубовница ги советува жените: Како да го спречите сопругот да ве изневерува?

Имајте на ум дека е сосема во ред ако понекогаш не се чувствувате добро, не мора да се обидувате да бидете среќни по секоја цена.

Loading...

Опуштете се и почекајте да помине тоа чувство, а дотогаш направете нешто во што уживате.

Ви пренесуваме неколку совети кои можат да ви помогнат да создадете пријатна, пријателска и смирувачка атмосфера во која ќе уживате:

Гледајте го вашиот омилен филм

Па што ако сте го гледале сто пати досега, ако тој филм ве насмее и ви го подобрува расположението, гледајте го сто и прв пат!

 

 

Разговарајте со најблиските

Дури и ако не можете физички да бидете со нив, постои технологија што ја направи оваа бурна година многу полесна за нас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бебе за прв пат проба пица, нејзината реакција воодушеви милиони

Запомнете дека секогаш можете да повикате драга личност преку видео повик и да разговарате со неа, и ако околностите дозволуваат, разговорот во живо е одлично решение.

Loading...

Направете си топло чоколадо или омилен чај и ставете се под топло ќебе

Создадете време само за себе, кога не правите ништо, не гледајте во вашиот телефон, телевизор, лаптоп, туку само легнете и уживајте во моментот додека во позадина се слуша вашата омилена песна.

Прошетајте што е можно повеќе

Без разлика дали станува збор за парк, шума или прошетка низ соседството и обидете се да го правите тоа секој ден.

Одење по вашите омилени улици или истражување нови делови од градот сигурно ќе ви го расчисти умот и ќе ви донесе подобро расположение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Милано сакаат да забранат сладолед и пици по полноќ: „Го правиме за мир“

 

 

Направете нешто за што досега не сте имале време

Обидете се да направите оригами, да прочитате нова книга, да научите како да ја направите омилената торта.

Нека биде можност да уживате во релаксирање и истражување на нешто ново без притисок и очекувања.

Loading...