Совети како да се наспиете во топлите ноќи без будење и клима!

Сподели со своите пријатели

Топлотниот бран што ја зафати Македонија и регионот последните недели беше тежок за сите – оние кои со нетрпение го очекуваа убавото време „лелекаат“ за неподносливата топлина, а проблемот не е само „преживување“ на денот, проблемот е ноќта.

Loading...

Се чини дека штом ќе заспиеме, топлината не буди – се будиме во пот, стануваме да испиеме чаша вода, вклучиме клима уред за да се разладиме…

И додека многумина смислуваат како да го разладат домот без климатизација, постојат трикови кои ќе ви помогнат да заспиете за време на жешките ноќи…

Германскиот експерт за проблеми со спиењето, Ханс-Гунтер Вес вели дека овој проблем не треба да се потценува. Хроничната несоница може да има многу опасни последици, а тој исто така советуваше што да прави за да се обезбеди добар сон во текот на жешките ноќи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се најлошите работи што можете да ги направите на првиот дејт?

„Сè се сведува на соодветна вентилација. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, и отворете ги пред да одите во кревет”, вели Вес.

Вториот совет е изненадувачки, но ефикасен. Треба да имате топол пијалок.

„Ако пиете нешто топло пред спиење, помала е веројатноста да се потите“, вели овој експерт.

Топол туш е исто така добра опција бидејќи ќе ги отвори порите на кожата и ќе ви овозможи чувство на свежина.

Loading...

Вес вели дека една работа што никогаш не треба да ја правите пред спиење, а тоа е да пиете чаша вино.

„Пиењето алкохол навечер може да има психолошки релаксирачки ефект, но исто така ги шири крвните садови и го поттикнува ноќното потење“, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци дека некој ве лаже: Oд контакт со очите до промена на тонот