Совет на ЕУ: Физички состаноци на апсолутен минимум

Сподели со своите пријатели

Германското претседателство со Советот на ЕУ денеска донесе одлука за намалување на физичките состаноци на експертско ниво на „апсолутен минимум“ поради екстремно високата стапка на зараза со коронавирусот во Брисел, а на виртуелните состаноци ќе се дискутира и за приоритетните прашања.

Loading...

– Со оглед на големиот и сè уште растечки број на заразени со коронавирусот и во консултација со партнерите на ЕУ во Брисел, германското претседателство со Советот на ЕУ донесе одлука за намалување на физичките состаноци на експертско ниво на неопходен апсолутен минимум. Виртуелните состаноци исто така ќе бидат ограничени на приоритетни теми, земајќи ги предвид просторните, човечките и техничките ресурси на Генералниот секретаријат на Советот и претседателството, соопшти портпаролот на германското претседателство.

Брисел има исклучително висока стапка на инфекција, моментално една од највисоките во Европа. Властите во белгискиот главен град и седиштето на европските институции воведоа низа нови мерки за забавување на огромниот раст на бројот на новозаразени. Од денеска во сила е полициски час од 22 до 6 часот наутро, затворени се спортски сали, базени и теретани, кина, театри и музеи. Забрането е собирање на повеќе од четири лица, свадби се вршат само во присуство на младенци, кумови, матичари или свештеници. На погреб е дозволено максимум 15 лица со почитување на растојание од 1,5 метар.

Со физичко присуство ќе продолжат да се одржуваат само состаноците потребни за функционирање на ЕУ или за координација на одговорот на коронакризата, под услов да е можно да се почитуваат физичкото растојание и санитарните правила.

Ова ќе биде во сила сè додека „ситуацијата во Брисел го налага тоа“.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply