СОУ „Перо Наков“ се приклучи на одбележувањето на Денот на книгата (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Под насловот „Книгата – ризница на знаењето“ денеска во Средното општинско училиште „Перо Наков“ се одржа поетско-музичка манифестација преку која учениците заедно со Друштвото на писатели симболично го одбележуваат Денот на книгата, 23-ти април.

 

Loading...

Многу ни е драго што се вклучуваме во одбележување на 23-ти април, Светскиот ден на книгата. Целта е промоција на книгата, поттикнување на децата уште повеќе да читаат. Знаеме дека денешните вредности за жал не ги упатуваат кон книгата, меѓутоа се надеваме дека овој мал напор ќе придонесе тој интерес уште повеќе да биде збогатен – изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“.

 

Поетите од град Куманово со своето присуство го збогатија насанот, на кој прочитаа неколку свои творби пред учениците.

Ова е втор караван на поетичари соработува со средните и основните училишта, а денеска е по повод светскиот ден на книгата. Од сите средни училишта сме собрани тука за да го чествуваме денот и на тој начин нашите поетски избици да ги прикажеме пред другите, можеби ќе останат во сеќавање на публиката, а и поттик на младите да читаат да се наградуваат и на тој начин да придонесат за својот сеф, на податоци на убави зборови во душата, да ги испразнат на својот бел лист – изјави Божана Трајковска, претседател на Друштвото на писатели од Куманово.

 

Манифестацијата беше збогатена и со музички перформанс на учениците, а вакви манифестации ќе продолжат и во иднина со цел да станат сериозен поттик за младите повеќе да читаат книги.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.