СОУ „Перо Наков“ ќе одбележи 70 години постоење (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово утре ќе одбележи јубилеј од 70 години успешно работење. Седум децении активна работа во просветителската дејност, со многу генерации успешни луѓе се плод токму на професорите на оваа училиште.

Loading...

По тој повод разговаравме со директорката Лидија Тасевска, која на оваа функција стапи пред неполна година.

Низ разговорот, Тасевска нè информираше за историскиот развиток на училиштето кое некогаш ги носело имињата Периодично училиште, па Училиште за ученици од стопанството, за да денес го носи името на Перо Наков.

Во рамките на училиштето има две насоки: економско – правна и трговска, како и текстилно – кожарска струка кои вклучуваат повеќе различни образовни профили.

Тасевска истакна дека интересот за текстилно – кожарската струка е многу намален, но дека професорите од оваа училиште од почетокот на следната учебна година ќе започнат активно да работат на промоцијата на овие образовни профили.

Глобално, тоа е проблем на сите средни стручни школи на ниво на Македонија, затоа што речиси во сите општини интересот за гимназиските паралелки е поголем во однос на средните стручни училишта и ние тоа почнавме да го чувствуваме – вели Тасевска.

Таа додава дека поголем број ученици се заинтересирани за економската струка која бара и поголем број на поени за запишуавње.

Loading...

Училиштето во последниот период бележи подобар успех гледано од резулатите остварени преку екстерните тестирања и државната матура, но и големиот број успеси кои учениците ги постигнуваат на различни натпревари низ државата.

На натпреварите во општина Куманово имаме учествувано на повеќе ликовни и летературни средби, и спортски настани. Најмногу можеби треба да се издвои учеството на Масум, републички натпревар за сите средни стручни училишта од Македонија каде добивме доста награди во однос на модната ревија – вели директорката.

Учениците од „Перо Наков“ активно беа вклучени и во одбележувањето на Денот на ослободување на Куманово со рецитирање поезија на спомен Костурница, како и учеството на спортските настани поврзани со празникот.

Училиштето има одлична локација, во близина на Спортската сала, како и во близина на градскиот базен на кој активно се работи. Од особено значење за развојот на спортот кај младите е и новата сала на оваа училиште која е најдобрата во градот.

Тој простор е навистина примамлив и атрактивен за одржување на спортски натпревари и тренинзи и може да се пофалиме дека првиот тим на КК Куманово одржува тренинзи тука, како и сите екипи кои постојат во општинскиот Сојуз на спортови – истакна Тасевска.

Инаку утре се одбележуваат седум децении како постои училиштето, а по тој повод активности има во текот на целата недела, меѓу кои литературно читање кое се одржа во понеделник, во вторник имаше изложба на учениците од кожарско – текстилната струка, а вечерва ќе има и забава за учениците со бендови и соло настапи на учениците.

Активностите ќе бидат крунисаат со свеченоста која утре ќе се одржи во 12 часот со театарска претстава на учениците кои заедно со своите професори активно ја подготвуваа во изминатиот период.

Училиштето ќе биде и домаќин на 13 ученици и девет професори гости од збратименото економско училиште од Ниш, Република Србија.

Тасевска посебна благодарност изрази до локалната самоуправа која од оваа година инвестираше во греењето на гас со што училиштето стана потопло.

Loading...

Инаку училиштето има настава на македонски и албански јазик со 62 паралелки во кои настава на македонски посетуваат 613 ученици, а на албански јазик 530 ученика.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.