Состојбата со коронавирусот во земјава до 11 часот утрово

Сподели со своите пријатели

Министерството  за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.

Loading...

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.

Интегрално соопштение: Министерство за здравство

Leave a Reply