Состанокот за Украина во Џеда заврши со ветување за продолжување на разговорите

Сподели со своите пријатели

Разговорите за војната во Украина завршија вчера во Џеда, а учесниците се согласија за важноста од продолжување на консултациите за да се отвори патот за мир, се наведува во завршната изјава објавена од Саудиска Арабија.

Loading...

Висок украински функционер претходно вчера изјави дека разговорите во Саудиска Арабија за напорите да се придвижи кон мирно решавање на војната со Русија биле продуктивни, но Москва состанокот го нарече неуспешен обид да се префрли глобалниот југ кон Киев.

На преговорите во Џеда, кои требаше да завршат без писмена изјава, учествуваа повеќе од 40 земји, меѓу кои Кина, Индија, САД и бројни европски земји, со исклучок на Русија.

Украина и нејзините сојузници појаснија дека преговорите во Џеда се обид да се гарантира широка меѓународна поддршка за клучните принципи за мирен крај на војната во Украина, што значи повлекување на сите руски трупи од Украина и враќање на целата украинска територија на Контролата на Киев.

Сите изгледи за мировни преговори изгледаат залудни

Претседателот Володимир Зеленски истакна дека сака глобалниот самит врз основа на гореспоменатите принципи да се одржи подоцна во текот на годината.

Но, дури и осумнаесет месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, сите изгледи за директни мировни преговори меѓу Киев и Москва изгледаат далечни, пренесува Ројтерс.

Руските државни медиуми во неделата ја пренесоа изјавата на заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека состанокот ги „одразува напорите на Западот да продолжи со залудни, осудени напори“ насочени кон мобилизирање на Глобалниот југ зад позицијата на украинското раководство.

Зеленски: Забележуваме значителни резултати

Во неделното обраќање доцна во ноќта, Зеленски рече дека Украина гледа „значајни резултати“ од американските и германските системи за воздушна одбрана и покрај брановите руски воздушни напади за кои Киев вели дека се насочени кон цивили и станбени згради.

Loading...

Русија објави дека соборила беспилотно летало што се упатило кон Москва во третиот таков напад во една недела, додека официјални лица од двете страни рекоа дека Украина удрила два моста што го поврзуваат Крим со копното.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.